ВИДЕОИНТЕРВЈУ | Елена Николовска: РЕК Битола може да продолжи со работа, но само со воведување нови технологии

Елена Николовска/Фото: Слободен печат /Мете здравев

Елена Николовска, програмски координатор за клима во „Еко свест” во интервју за Слободен печат се осврна на предвиденото формирање на министерство за енергетика и рударство сметајќи дека тоа нема да значи ново отворање на рудници за јаглен.

Во однос на РЕК Битола, Николовска смета дека тој капацитет може да продолжи да работи, но со нови технологии.

„Ние можеме да правиме министерства какви сакаме и да ги нарекуваме како сакаме, но факт е дека ние имаме потпишано меѓународни договори, потпишавме Софиска Декларација, членки сме на Берлински процес каде исто така се залагаме за нула емисии на гасови до 2050 година. Ако се вратиме назад и ја отвориме идејата за нови рудници на јаглен и продолжување на користење на термоелектраните кои сега веќе се премногу застарени, со тоа повторно ќе одиме против здравјето на луѓето. Има многу добри проекти испланирано во Плански документ што владата го донесе во 2022 кој се вика Патоказ за праведна транзиција каде има проекти за етапно пренаменување на технологијата во РЕК Битола. Тоа значи РЕК да не се затвори, туку преку етапно преминување, луѓето остануваат да работат таму и постепено воведувње нови технологии се до затворање на последниот блок. Ние не сакаме илјадници луѓе да останат без работа“ посочи таа.

Според неа, таквата трансформација чини многу пари, но има голема заинтересираност тоа да се финансира.

„Имаше иницијална каписла од Климатскиот инвестициски фонд добивме почетни 85 милиони долари, други банки се заинтересирани дополнително да ги кредитираат тие проекти кои треба да го продолжат векот на РЕК Битола но и да го видоизменат и да не работи на јаглен и треба да го искористиме моментот“ заклучи Николовска.

Повеќе од разговорот со Николовска во видеото во продолжение.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот