Макрон: Нема да поднесам оставка без разлика на резултатот од француските избори

Емануел Макрон / Фото EPA-EFE/CHRISTOPHE PETIT TESSON

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска изјави дека нема да поднесе оставка без разлика на исходот од претстојните парламентарни избори во Франција.

Макрон, кој најави распишување парламентарни избори по тешкиот пораз на неговата партија „Препород“ на изборите за Европскиот парламент во Франција и победата на крајнодесничарската партија Национален собир, рече дека „не е Националниот собир тој што го пишува Уставот. ”

-Институциите се јасни, како и местото на претседателот без разлика на резултатот, рече Макрон за француски Фигаро, пренесе Политико.

Францускиот претседател во неделата вечерта, веднаш по добивањето на првичните резултати од изборите за ЕП, го распушти францускиот Парламент и најави парламентарни избори за 30 јуни и 7 јули.

Групата „Обнови ја Европа“, на која припаѓа и партијата „Препород“ на Макрон, претрпе големи загуби на изборите за ЕП, како и групата што ги обединува зелените партии.

Од друга страна, групите кои ги здружуваат екстремно десничарските и десничарските партии, меѓу кои „Идентитет и демократија“, чие заштитно лице е Националниот собир на Марин Ле Пен, го зголемија бројот на мандати.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот