Спасовски: Не отстапуваме од нашата социјалдемократска провиниенција

Оливер Спасовски/Фото: Слободен печат/Методи Здравев

„Социјалдемократскиот Сојуз на Македонија нема да отстапи од нашата лева провиниенција, којашто се знае дека се базира на социјалната правда, на слободата, на демократијата, на еднаквоста. Тие се принципи на кои ние почиваме и принципи на коишто ние сериозно се бориме и од тоа нема отстапување. Во однос на рекомпонирање на партијата и тој идеолошки правец зборувам само за зајакнување на овие принципи од програмските определби. Нашата позиција е сосема јасна во македонското општество. Ако ги напуштите вредностите на социјалдемократијата, тогаш не можете вие да бидете социјалдемократ“, рече пратеникот и координатор на пратеничката група на СДСМ Оливер Спасовски во интервју на „Слободен печат“.

Тој додаде дека во делот на организациската поставеност на СДСМ мора да дојде до одредени промени во структурата затоа што се покажале одредени слабости на функционирањето на терен.

„Јас очекувам дека низ оваа внатрепартиска изборна кампања, кандидатите за претседатели ќе ги презентираат своите конценти за тоа како сметаат дека оваа работа ќе биде подобрена во делот на организацискиот тим. Најважно за мене е и кадровското екипирање. Сега не гледаме дека кандидатите за претседател изглегуваат со некои свои тимови, иако ги најавуваат, така што очекувам дека ќе се изглезе со кадровско екипирање коешто ќе понуди нова енергија, нова сила“, потенцираше Спасовски.

Тој додаде дека во партијата треба да се екипираат сите луѓе коишто можат да понудат нова енергија.

„Притоа, нема да се откажеме од ниту еден човек кој стои цврсто на страната на социјалдемократијата. Кој и да биде претседател на партијата, мора да има поддршка. Сите ние искрено да се вклучиме и да помогнеме. Многу е важно младите луѓе да ги анимираме, затоа што тука е еден од постоечките проблеми – недоволно пристапување кон младите луѓе за да ги објасните социјалдемократските вредности. Лично сметам дека вклучувањето на младите во креирањето на политиките е најважната работа. Не само во партиското битисување, туку и генерално“, заклучи Спасовски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот