Поставени прочистувачи за воздух во ОУ „Невена Георгиева Дуња“ во Кисела Вода

Фото: Општина Кисела Вода

Во основното училиште „Невена Георгиева Дуња“ во Кисела Вода се поставени прочистувачи на воздух, со што, според градоначалникот Орце Ѓорѓиевски ова училиште станува единственото училиште на Балканот опремено со вакви апарати.

Прочистувачите се донација од општествено одговорна компанија, чиј директор и основач Илија Андреевски е роден во општината и основното образование го завршил во ова училиште.

 Во секоја училница е поставен по еден пречистувач од реномираниот германскиот бренд „Ман+Хумел“, дизајниран да обезбеди 100-процентна заштита од вируси, бактерии, полен и други микроорганизми. Станува збор за вредна донација од општествено одговорната компанија „Екотип“, со која Општина Кисела Вода склучи стратегиско партнерство и почна заедничка кампања за имплементирање најсовремени иновативни еколошки решенија – вели Ѓорѓиевски, кој денеска заедно со Андреевски го посетија училиштето.

Донацијата опфаќа и дополнителни пречистувачи за воздух за надворешна употреба, кои се поставени во парковите, каде што има најголем фреквенција на луѓе.

Партнерството подразбира и кампања за менување на јавната свест и создавање здрави еколошки навики и заштита на нашето здравје и здравјето на идните генерации. Се надевам дека оваа иницијатива ќе биде пример за другите општини и за Градот Скопје и дека ќе поттикне зголемена свесност за значењето на чистиот воздух за нашето здравје и квалитетот на живот – истакна градоначалникот на Кисела Вода.

Тој потсети дека локалната самоуправа поставила и две мерни станици за квалитет на воздухот, едната во паркот Македонија, а втората од неодамна е поставена во кругот на АД „Цементарница“. Резултатите од мерењата на овие станици се видливи во секој момент на општинската веб-страница.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот