ВИДЕОИНТЕРВЈУ | Иван Бродиќ, аналитичар: Ако Украина и Молдавија влезат во ЕУ пред Македонија, тоа ќе биде скандал

Иван Бродиќ / Фото Слободен печат / Методи Здравев

Добриот резултат на радикалната десница на изборите за Европскиот парламент, секако дека нема добро да се одрази врз политиката на проширувањето на Европската Унија, смета хрватскиот аналитичар Иван Бродиќ.

– Што се однесува до проширувањето, тие политички сили ќе го кочат проширувањетона Унијата. Македонија е посебна приказна, бидејќи беше спремна за членство во ЕУ пред многу други земји кои во меѓувреме беа примени. Но, доколку во парламентот биде составено мнозинство на либерали, зелени и победничката Европска народна партија, тоа е коалиција која не би имала проблем во ЕУ да ги прими Украина и Молдавија. Секако тоа се политички проширувања и ако тоа се случи, а Македонија не стане полноправна членка на Унијата во меѓувреме, тоа ќе биде рамно на скандал – изјави Бродиќ во утринската програма на Слободен печат.

Тој потенцира дека најголемиот раст на радикалната десница беше забележан во Франција и Австрија, додека во Белгија и Холандија проевропските партии сепак го задржаа мнозинството, иако растот на ултрадесничарите е огромен. Како главен фактор за оваа промени во политичката волја на бројни гласачи на континент, Бродиќ ја наведува политиката кон мигрантите.

Што се однесува до распишаните парламентарни избори во Франција, тој смета дека претседателот Емануел Макрон ќе се обиде да ја антагонизира француската јавност и на тој начин да го намали успехот на Националниот фрон, кој освои повеќе од двојно гласови на последните избори.

– Макрон презеде голем ризик и буквално стави облог на својата политичка иднина. Постојат изгледни шанси тој и да не успее во намерата – додава Бродиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот