Португалскиот претседател повторно не го потпиша законот за евтаназија

Марсело Ребело де Соуса/ Фото: МИА

Претседателот на Португалија Марсело Ребело де Соуса по вторпат одби да го потпише законот со кој се дозволува евтаназија и потпомогнато самоубиство, со образложение дека тој е непрецизен.

Со тоа законот за евтаназија е одложен до изборот на нова влада и парламент на почетокот на следната година.

Ребело де Соуса, католик и многу популарен претседател, веќе покажа резервираност кон законот, чија прва верзија ја испрати до највисокиот суд во земјата на почетокот на оваа година.

Уставниот суд тогаш го отфрли законот затоа што ја немаше „неопходната строгост”.

Во првобитната верзија на законот како предуслов за евтаназија се бараше „фатална болест”, додека во новата верзија во некои формулации се наведува „неизлечива” или „сериозна” болест.

Во претежно католичка Португалија, законот за евтаназија е поддржан од партиите на левиот центар, како и законите за абортус и истополови бракови од 2007. и 2010 година.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот