Портпаролот на МВР, Ангеловски: Осуда за нападот врз новинарските екипи, новинарите се наши партнери

Портпаролот на Министерството за внатрешни работи (МВР), Тони Ангеловски ги осуди нападите врз новинарските екипи и медиумските работници за време на денешниот протест во Скопје што беше организиран во знак на незадоволство од пресудите во случајот „Монструм“.

– Осуда за чинот на спречување на новинарските екипи и медиумските работници во вршење на нивната работа. Новинарите се наши партнери, рече Ангеловски во изјава за ТВ Канал 5.

За време на протестите беа нападнати новинарските екипи на дневниот весник „Слободен печат“ и на државната новинаска агенција МИА. Во судирите меѓу полицијата и демонстрантите на Бит пазар беа повредени седум полициски службеници и приведени осум лица, но МВР претходно најави дека ќе има и нови.

ССНМ со силна осуда за нападите врз новинарите и медиумските работници на протестите против пресудите за случајот „Монструм“

ЗНМ остро го осуди нападот на новинарската екипа на МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот