Портпаролот на Џонсон за интервјуто со принцот Хари и Меган: Тоа се прашања за Бакингамската палата

youtube
Принтскрин / Јутјуб

Британскиот премиер Борис Џонсон не го гледаше телевизиското интервју со принцот Хари и Меган, што се емитуваше во текот на ноќта, но верува дека секое прашање од интервјуто е исклучиво работа на Бакингамската палата, изјави денеска портпаролот на Џонсон.

– Очигледно тоа е работа на Палатата, одговори портпаролот на прашањето за коментарите на Меган дека некој од британското кралско семејство изразил загриженост за тоа колку може да биде темна кожата на нивниот син.

– Премиерот претходно рече дека нема место за расизам во оваа земја, тој тоа го истакна во неколку наврати, потсети портпаролот на Џонсон.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот