Поротничка од „ТНТ“ поради закани дала оставка, па потоа ја повлекла

Од Судот велат дека зачудува фактот како адвокатот кој официјално е на одмор и не може да се појавува на закажани судења, денеска повторно продолжува со прозивки и притисоци? Како и од каде адвокатот би знаел какви дописи се доставуваат до судот, од други лица, кога истите се доставуваат само до приемното одделение?

Новиот допис на адвокатот Јовица Страшевски кој денеска беше доставен до медиумите само ги потврдува заканите и притисоците кои адвокатот – странка во постапката, се обидува да ги направи врз Судот и судијата – поротник, кој одлучува во конкретната постапка, а за кои судот подолго време апелира и вчера побара соодветна реакција од надлежните органи, велат од Основен кривичен суд Скопје.

– Неспорен е фактот дека судијата – поротник вчера побара прием кај претседателот на судот на кој му се пожали дека прима закани да се откаже од постапување во конкретниот предмет за што е доставена и изјава. Откако е посочено дека судот ги користи сите легални механизми да го заштити интегритетот и угледот на секој судија и судија – поротник и доколку е неопходно институциите може на секој судија и судија – поротник да му овозможат и обезбедување, поротникот се согласи да продолжи да постапува се до евентуално разрешување од Судскиот совет, се наведува во соопштението од Судот.

Од Судот велат дека зачудува фактот како адвокатот кој официјално е на одмор и не може да се појавува на закажани судења, денеска повторно продолжува со прозивки и притисоци? Како и од каде адвокатот би знаел какви дописи се доставуваат до судот, од други лица, кога истите се доставуваат само до приемното одделение?

– Како се дозволува некој и понатаму да влијае на судиите и судиите – поротниции надвор од судница. Заради сите овие прашања судот повторно апелира до Министерството за правда, Адвокатската комора, Судскиот совет на РСМ и Јавниот обвинител да преземе соодветни мерки и да го заштити судот, бидејќи доколку овие „методи” вродат со плод, истите може да бидат применети и во сите други судски постапки, посочуваат во соопштението од Основниот кривичен суд Скопје.

Страшевски е адвокат на поранешниот градоначалник на Општина Гази Баба, Тони Трајковски во случајот „ТНТ”. Одбраната на обвинетите во „ТНТ“ изминатиот период укажуваше на судечкиот совет дека мандатот на поротничката Лилјана Ивановска Кочовска е завршен на 24 декeмври 2019 година и оти според Законот за кривична постапка, доколку дојде до каква било промена на составот на судечкиот совет, судската постапка мора да започне од почеток. Сепак, постапката продолжи и беа одржани неколку рочишта и по 24 декември, а судечкиот совет, укажуваше на фактот дека не е во нивна надлежност да одлучуваат за престанок на мандат на судија поротник и оти тоа е прашање на Судскиот совет.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот