Поранешниот тапанар на „Бијело дугме“ се оперираше: Сопругата ја откри неговата состојба
Поранешниот тапанар на „Бијело дугме“, Милиќ Вукашиновиќ (73) неодамна итно беше примен во болница поради аневризма.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Неговата сопруга Сузана на социјалните мрежи откри дека нејзиниот сопруг е опериран и дека веќе се чувствува добро. Таа им се заблагодари на лекарите, медицинскиот персонал и на сите пријатели кои биле покрај нив, пишува српски „Курир“.
„Фала му на Бога, Мица беше опериран, сè помина добро. Благодарност до д-р Игор Кончар, неговите колеги хирурзи и целиот медицински персонал за кардиоваскуларна хирургија за сè што направија и му го спасија животот. Посебна благодарност до Рака Мариќ, Перица Стојановиќ, Банет Лав и Миша Бегенишиќ што застанаа да се спаси животот и што беа мојот ветер во мојот грб во овие тешки моменти. Исто така, благодарност до сите мои пријатели и драги луѓе за сета поддршка што ми ја дадовте. Ве бакнувам и ве сакам“, напишала Сузана.
Да потсетиме, Милиќ Вукашиновиќ минатата недела се пожалил на силни болки во левата нога. Прво мислел дека е воспаление на крвните садови, но според дијагнозата испаднало дека се работи за аневризма и морал да оди на итна операција.
Освен што е поранешен член на „Бијел Дугме“, Вукашиновиќ е познат и по ангажманите во групите „Индекс“ и „Ватрени пољубац“.


