Поранешниот НБА шампион ќе се грижи за ќерката на убиениот Џорџ Флојд

EPA-EFE/CRAIG LASSIG

Стивен Џексон ќе го исполни ветеното од минатото и се пријави за добивање старателство на Џиана.

Поранешниот НБА кошаркар кој со Сан Антонио спарс дојде до титулата, Стивен Џексон изјави дека планира да се пријави за добивање на старателство на шестгодишната Џиана, ќерката на убиениот Џорџ Флојд.

– Многу работи ќе и недостасуваат, а јас ќе бидам тука за неа. Ќе ја однесам до олтарот кога ќе дојде време за тоа. Ќе бидам постојано тука за Џиџи. Флојд не може, но јас сум тука. Тука сум за да се изборам за правдата. Правдата за мојот брат – наведе Џексон.

Стивен Џексон на протестите во чест на Флојд и полициската бруталност се појави заедно со Џиана и притоа одржа моќен говор.

– Флојд од Тексас се досели тука во Минеаполис за да може да заработува повеќе, за да може да биде подобар родител. Дојде во Минеаполис за да вози камиони. Потребна ни е правда, мораме да дојдеме до правдата – рече Џексон.

На протестот моќна порака испрати и малата Џиана.
„Тато го промени светот“, рече Џиана.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот