Поранешниот ГЕНСЕК на Владата Зекири наместо во судница, во болница

Мухамед Зеќири во Кривичниот суд / Фото: МИА

Во Кривичниот суд беше одложено судењето против поранешниот генерален секретар на Владата Мухамед Зекири, кој е обвинет за незаконски склучени договори во четири очи со што ја оштетил државата за 1,5 милион евра.

Според објаснувањето на судијката Фанка Јанчулева Михаиловска, полицијата не можела да го спроведе Зекири од куќен притвор бидејќи кога службениците дошле да го земат, тој ги известил дека е болен. Судијката за тоа била телефонски известена од командирот од Полициската станица Карпош.

– Со оглед на тоа што имав телефонски повик од командирот на ПС Карпош, Владо Симјановски, кој ме извести дека не може да постапат по наредбата од судот за спровод на Мухамед Зекири, кој е во куќен притвор, поради здравствени причини. И затоа е повикана брзата помош, а во зависност од проблемите, ќе биде спроведен и во клиничкиот центар – рече Јанчулева Михаиловска.

Следното рочиште е закажано за наредната недела. Тогаш ќе се испитуваат две лица. Првиот сведок е Киро Костов – вешто лице. Второто лице е сведокот Петко Димитров. По испитување на овие две лица, доказната постапка на обвинителката Катерина Коларевиќ завршува. Во судницата ќе бидат испитани и вработениот во Владата Агим Махмути, министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, и директорот на Поштата Јани Макрадули.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот