Поранешниот дечко на починатиот Џорџ Мајкл му ја искршил вилата вредна неколку милиони (ВИДЕО)

Фади Фаваз, поранешниот дечко на Џорџ Мајкл е уапсен поради наводно кршење на лондонската вила на починатиот пејач во која тој живее од неговата смрт, пишува „Mirror“.

Полицајците вчера беа фотографирани покрај куќата, а соседите им рекле дека го виделе мажот како стои на кровот на вилата.

Кога полицијата пристигнала на имотот, Фаваз повеќе не бил на кровот, туку во куќата. Штетата на вилата ја опишале како „обемна“, а наводно се работи за трошок од пет милиони фунти.

– Човекот е приведен под сомнеж дека направил голема штета. Одведен е во полициската станица во Лондон на разговор, пишува во соопштението на полицијата.

Фаваз во последните три години по смртта на Мајкл живее во неговата раскошна вила, но без дозвола и нема намера да се исели. Откако беше отворен тестаментот на Мајкл всушност се виде дека пејачот не му оставил ништо од имотот проценет на 100 милиони фунти. Фаваз всушност ја „киднапирал“ вилата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот