Поранешната сопруга на Чарли Шин го поддржа профилот на нивната ќерка на „Онлифенс“: Не можам да ѝ судам

Дениз Ричардс, Чарли Шин и нивната ќерка Семи Шин / Фото: EPA-EFE/Принтскрин/Инстаграм

Дениз Ричардс, американска актерка и секс симбол од 90-тите, проговори откако нејзиниот поранешен сопруг Чарли Шин ја нападна затоа што нивната најстара ќерка се приклучи на платформата „Onlyfans“.

Чарли, да потсетиме, изјави дека не го одобрува потегот на неговата 18-годишна ќерка Сeми, која живее со нејзината мајка, нагласувајќи дека такво нешто немало да се случи доколку таа била „под неговиот покрив“ .

Чарли Шин ја обвини поранешната сопруга, нивната ќерка е на „Онлифенс“: Не го одобрувам тоа!

Сега Дениз исто така призна дека во објавата на својот инстаграм-профил призна дека како некој што позирал за „Playboy“ и добил улога во филмот „Wild Things“, не може да ѝ суди на својата ќерка, што не би требало да го прави ниту нејзиниот татко.

„Има многу негативни коментари на моите профили. Морам да признаам, посакувам да ја имав самодовербата на мојата 18-годишна ќерка. Едноставно не можам да ја осудувам, ниту може нејзиниот татко. И да можам да ја игнорирам чистата негативност на нејзините години? Ми требаа години за да го постигнам тоа, а понекогаш сè уште не знам како да се борам“, напиша американската актерка.

Актерката, како што тврди, само во последните месеци „научила“ што е „OnlyFans“, а како што вели, не гледа разлика помеѓу објавување фотографии во бикини овде или на некоја друга социјална мрежа.

„Сите го правивме тоа. Толку ли е лошо да се заработи? Можеби треба да отворам свој профил”, напиша Дениз.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Denise Richards (@deniserichards)

Инаку, Семи, која во март наполни 18 години, го најави својот „деловен потфат“ на страницата „OnlyFans’ на својот инстаграм-профил.Со фотографијата на која позира во костим за капење, таа на своите следбеници им вети дека ќе објавува нови содржини 2-3 пати неделно, а коментар подолу остави и нејзината мајка.

„Семи, секогаш ќе те поддржувам и ќе ти го чувам грбот. Те сакам”, напишала актерката.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by sami sheen (@samisheen)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот