Чарли Шин ја обвини поранешната сопруга, нивната ќерка е на „Онлифенс“: Не го одобрувам тоа!

Дениз Ричардс, Чарли Шин и нивната ќерка Семи Шин / Фото: EPA-EFE/Принтскрин/Инстаграм

Чарли Шин ја обвинува својата поранешна сопруга Дениз Ричардс за тоа што нивната најстара ќерка Семи Шин се приклучила на веб-страницата за возрасни Онлифенс.

„Таа сега има 18 години и живее со нејзината мајка. Тоа немаше да се случи под мојот покрив“, изјавил Шин за „Page Six“. „Не го одобрувам ова, но бидејќи не можам да го спречам истото, ја замолив да остане елегантна, креативна и да не го жртвува својот интегритет“, додаде тој.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by toofab (@toofabnews)

Семи, која наполни 18 години во март, го најави својот нов деловен потфат на нејзиниот инстаграм-профил со фотографија во костим за капење, поканувајќи ги нејзините следбеници да кликнат на линкот во нејзината биографија ако сакаат да видат повеќе.

Семи им вети на своите следбеници дека на нејзиниот профил на Онлифенс ќе објавува нови содржини од двапати до трипати неделно.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by sami sheen (@samisheen)

За сè проговори и нејзината мајка Дениз Ричардс

„Семи има 18 години и оваа одлука не се заснова на тоа во чија куќа живее. Сè што можам да направам како родител е да се водам и да верувам на нејзиното расудување, но тоа е нејзин сопствен избор“, изјави 51-годишната актерка.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Denise Richards (@deniserichards)

Во септември 2021 година, Семи се најде на насловните страници откако објави видео на Тик-ток во кое тврдеше дека била „заробена во насилно опкружување“ додека живеела со нејзината мајка.

„Има одредени правила и јас ги спроведувам. Кај Чарли има поразлични правила и тоа е во ред“, изјави Дениз во тоа време.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by sami sheen (@samisheen)

Мајката и ќерката се чини дека оттогаш ги подобриле односите, имајќи предвид дека Семи од февруари оваа година повторно живее со својата мајка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот