Кевин Костнер и Кристин Баумгартнер/ Фото: Wikimedia Commons/ Профимедиа

Поранешната не му дава мир на Кевин Костнер: Малку ѝ се 129.755 долари месечно

Сопругата на Кевин Костнер (68), Кристин Баумгартнер (49) во мај поднесе барање за развод од холивудската ѕвезда по 18 години брак и три деца.

Меѓутоа, оттогаш тие станаа непријатели и не можат да се спогодат околу ништо. Разводот на Кевин Костнер и Кристин Баумгартнер сè уште не е завршен. Кристин бара од актерот да ја зголеми алиментацијата од 129.755 долари месечно на 175.057 долари месечно за да го финансира начинот на живот на нивните деца.

Кевин Костнер и Кристин Баумгартнер/ Фото: Принтскрин/ Инстаграм

Актерот и неговата поранешна сопруга имаат три деца, Кајден (16), Хејс (14) и Грејс (13), а американскиот портал Ти-ем-зи објави дека Кристин поднела барање, барајќи од судот да ги разгледа исплатите за децата да можат „да ужива во истиот начин на живот како со двајцата родители“ откако дознала колку пари заработил Костнер.

Таа вели дека актерот треба да плаќа повисока алиментација „за да можат децата да одат на споредливи одмори кога се со неа.“ Таа исто така додава дека поголемата сума „нема да биде доволна за да го повтори начинот на живот на Кевин, но ќе биде доволна за да ѝ дозволи да им обезбеди на децата начин на живот кој е релативно споредлив.“ Баумгартнер тврди дека готовинскиот чек на Кевин во изминатите две години бил 19.248.467 долари годишно, што е еднакво на 1,6 милиони долари секој месец.

Фото: EPA-EFE/NINA PROMMER

Поранешната сопруга на Костнер во моментот живее во изнајмен стан од 40.000 долари месечно во Монтесито и во документите вели: „За разлика од комплексот на плажа на Кевин, изнајмувањето во септември е на планинската страна на автопатот. Нема пристап до плажа, ниту е на пешачка оддалеченост од плажата и нема живописен поглед“.

Да потсетиме, актерот и дизајнерката на чанти се венчаа во 2004 година во Аспен, Колорадо. Сепак, тие решија да го прекинат бракот по речиси 19 години, кога Кристин поднесе барање за развод.

Кевин Костнер: Мојата поранешна сопруга бара 248.000 долари алиментација за да си ги плаќа пластичните операции

Кевин Костнер ѝ платил 1,45 милиони долари по разводот, сопругата не сака да се исели

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот