ВИДЕО | Поранешна агентка на ФБИ откри 9 знаци како да препознаете дека некој лаже

Фото: Принтскрин/Инстаграм

Трејси Волдер (44) од Далас е поранешна вработена во ЦИА и специјален агент на ФБИ, која неколку години работела како шпионка.

Откако направила неколку патувања во странство на доверливи мисии, вклучително и работа како таен оперативец, таа решила теренската да ја замени за работа во канцеларија и се пријавила во службата за национална безбедност во Тексас, пишува „Дејли мејл“.

„Работев за ЦИА пет години и потоа станав специјален агент за ФБИ, што е многу ретко за жена. Почнав да работам две недели по завршувањето на факултетот во 2000 година. Работата е многу напорна и исцрпувачка, но сакав да бидам дел од антитерористичките мисии. Сепак, животот во странство по извесно време повеќе не ми одговараше“.


Работното искуство ја научило брзо да ги разоткрива оние кои лажат, а за нив вели дека најчесто може да ги препознаеме по 9 знаци кои ги покажуваат лажливците.

„Лажливците брзо ги менуваат емоциите, преминувајќи од смиреност преку неконтролирано однесување, па сѐ до плачење. Тоа се случува кога ќе се почувствуваат дека се фатени во лага. Може да се случи да се обидат да изолираат и поединци кои би ја потврдиле нивната приказна. Многу користат зборови за објаснување, со недостаток на детали. Ви се чини дека многу зборуваат, но не изнесуваат детали. Исто така, избегнуваат контакт со очите“, изјавила Трејси.

Трејси открива 9 знаци за кои тврди дека откриваат дека некој е лажливец:

1. Нервоза

2. Гласно зборување

3. Користење солзи за да избегнат објаснувања

4. Премногу зборување, но без никакви детали

5. Премин од смирено во неконтролирано однесување

6. Избегнување контакт со очи

7. Изолирање на поединци кои би ја потврдиле нивната приказна

8. Екстремно претерано објаснување на едноставни нешта

9. Недостиг на специфичност

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот