Поранешен младински репрезентативец на Македонија кариерата ја продолжува во Косово

Фото: РК Вардар

Некогашниот младински репрезентативец на Македонија, Стефан Атанасовски кариерата ја продолжува во редовите на Раховец од Косово.

Станува збор за клуб кој е шампион во косовоското првенство. Во Раховец, Атанасовкси пристигнува од тимот на Куманово каде што настапуваше изминатата сезона.

Тренер на косовскиот шампион е македонскиот стратег Горан Андоновски, па така тој е и главната причина поради која Атанасовски пристигнува во клубот. Претходно во кариерата Атанасовски настапуваше за: Аеродром, Работнички и Вардар, додека на интернационална сцена беше дел од клубови од Катар и Саудиска Арабија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот