Ламиш Мусонда/Instagram

Поранешен фудбалер на Челси се соочил со тешка болест: Имам само уште неколку дена живот…

Поранешниот фудбалер на младинската школа на Челси, Ламиш Мусонда, на 33-годишна предизвика реакции во спортската јавност со отворена и длабоко емотивна исповед, откривајќи дека се соочува со сериозна и животозагрозувачка здравствена состојба.

Белгиецот пристигна на „Стемфорд Бриџ“ во 2012 година заедно со своите браќа Тика и Чарли, а во редовите на лондонскиот гигант помина две години како дел од младинските категории. По заминувањето од Челси, Мусонда се врати во татковината каде настапуваше за Мехелен, а подоцна ја продолжи кариерата во Шпанија, играјќи за Лагостера и Паламос. Дел од својата фудбалска приказна ја мина и во Африка, каде го носеше дресот на конгоанскиот Мозембе.

Во репрезентативната кариера запиша девет настапи за селекцијата на Белгија до 21 година, а активното играње фудбал го заврши во 2020 година.

Преку објава на социјалните мрежи, Мусонда со болка призна дека не му останува многу време, потенцирајќи колку исцрпувачки и тешки биле изминатите години од неговиот живот во кои се соочува со тешка болест.

„Како што сфаќам дека ми останале само неколку дена, така сфаќам и дека имав многу луѓе покрај себе и секогаш ќе ги ценам спомените. Животот е тежок, но погледот е прекрасен. Низ годините ќе се соочите со подеми и падови и никој не може вистински да ја разбере болката низ која поминувате.

Последните две години ми беа особено тешки и исполнети со предизвици. Со голема тага објавувам дека се борам да го повратам здравјето. Тоа е причината зошто бев отсутен од социјалните мрежи. Морам да се соочам со факти,  моето здравје е критично и сега се борам за преживување. Вашата помош и молитви ќе ми значат многу во овој момент. Моето семејство и јас се бориме и нема да се откажам до последниот здив“

Имав среќа што имав убав живот и сè уште имам толку многу да понудам. Но, има толку многу прекрасни луѓе на кои би сакал лично да им се заблагодарам, а помислата дека можеби нема да добијам шанса за тоа длабоко ме растажува“, објави Мусонда.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот