Пораките на апликацијата „Скај“ открија како Ѓукановиќ преку шверц со цигари се збогатил- Тој демантира

Мило Ѓукановиќ
Фото: EPA-EFE/STEPHANIE LECOCQ

Поранешниот претседател на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ, повторно се најде во центарот на регионалното внимание, откако подгорички Вијести ја објави преписката на заштитената апликација Скај на уапсениот обезбедувач Петар Лазовиќ, во која се споменува Ѓукановиќ. Во овие преписки , обезбедувачот Лазовиќ комуницира со шефот на кавачкиот клан Радоје Звицер, кој е во бегство и наведува дека биле собрани сигурни гласови пред изборите во 2020 година, како и дека Ѓукановиќ добивал 300.000 евра месечно од шверц на цигари. Ова не е прв пат Ѓукановиќ да се поврзува со криминалните кланови, а сега практично се е во рацете на главниот специјален државен обвинител на Црна гора Владимир Нововиќ.

Во еден дел од преписката што ја објави подгорички „Вијести“, уапсениот полицаец и обезбедувач Петар Лазовиќ му се пофалил на Радој Звицер, шефот на кавачкиот криминален клан дека му запленил големо количество на цигари, но и лажно преставувајќи се дека му е роднина, и дека зад наводниот шверц со цигари. ја посчил вмешаноста на тогашниот претседател на државата, Мило Ѓукановиќ и неговиот советник Милан Роќен.

„Не го спомнувајте магацинот 25. Особено не смееме да спомнуваме дека работиме 30 години и му даваме пари лично на Мило. Секој месец од шверцот со цигари на Мило му носиме по 300.000 евра лично на рака , се вели во пораката.

Лазовиќ не објаснува зошто лажно се преставувал како негов братучед , и зошто на ваков начин се допишувал со уапсените за шверц на цигари.

Пет дена пред изборите во август 2020 година, шефот на кавачкиот клан испраќа список со безбедни гласачи во и надвор од затворот на Лазовиќ и на полицаецот Љубо Миловиќ во бегство. Миловиќ предлага сите да направат списоци и сите тие да му бидат доставени на „Ломи“. Ломи на шатровачки јазик значи – Мило.

Фото: EPA-EFE/BORIS PEJOVIC

По објавувањето на преписката на Скај, се огласи Мило Ѓукановиќ, кој оцени дека сето ова преставува спин чија крајна цел е конечната пресметка со него и со неговата Демократска партија на социјалистите (ДПС)
Тој во својата објава на Твитер ги повика надлежните државни органи да ги преземат сите истражни дејствија и да ја утврдат вистината.

„Му стојам на располагање на обвинителството за да го разоткривам овој спин како и многу други кои излегоа за време на мојата долга политичка кариера “, напиша Ѓукановиќ на Твитер.

„Вијести“ објави дел од преписката на Скај во која уапсениот обезбедувач Петар Лазовиќ му се пофалил на шефот на кавачкиот криминален клан дека одзел цигари, но и како лажно потпишувајќи се како брат на вујко, се допишувал за и околу шверцот со цигари, спомнувајќи ги тогашниот претседател на државата Мило Ѓукановиќ и неговиот советник Милан Рочен.

Фото: Миа.мк

Ова не е првпат Мило Ѓукановиќ да се поврзува со шверц на цигари. На почетокот на 2000-тите, тој беше обвинет од судот во Бар, за вмешаност во шверцот со цигари заедно со италијанската мафија.

Покрај Ѓукановиќ обвинети се и Брано Миќуновиќ и српскиот државјанин Станко Суботиќ Цане.

Но, Ѓукановиќ тогаш успеа да избегне кривична одговорност поради неговиот дипломатскиот имунитет, имајќи предвид дека тој во тоа време беше премиер на Црна Гора, додека целиот случај беше прогласен за застарен во 2019 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот