Пораки по повод Светскиот ден на театарот

Македонскиот центар на ИТИ/Продукција традиционално ги пренесе пораките по повод Светскиот ден на театарот – 27 март. Автор на светската порака е Шахид Надим (драмски автор и новинар од Пакистан), додека авторка на домашната порака е Снежана Коневски-Руси (актерка, театарски режисер, МНТ, Скопје).

Шахид Надим, Пакистан

„Ние мораме да ја надополнуваме нашата духовна сила; мораме да се бориме против апатијата, летаргијата, песимизмот, лакомоста и непочитувањето на светот во којшто живееме, на планетата на којашто живееме. Театарот има благородна улога во витализирањето и мобилизирањето на хуманоста за да се подигне себеси од спуштањето кон бездната. Тоа може да ја подигне сцената, изведбениот простор во нешто свето“ – Шахид Надим, извадок од текстот „Театарот како светилиште“.

Снежана Коневски – Руси (Фотографија: Дејан Колевски)

„Генерации глумци заминуваат – театарот останува. Опстојува, пркоси на просторот и времето. Паѓа – се крева, се урнисува – се издигнува, се спротивставува – заздравува. Преживува сѐ: беда, сиромаштија, конфликти, војни, делби, цензури, клучни кругови, чести кризи, смени на генерации – и секогаш истото прашање – може ли театарот повеќе од ова долу-подолу?… Театарот сака да ја зачува својата моќ, за да може да твори, да креира нов свет, да ѕирка во забранетото, да ја открива вистината, убавината…“ – извадок од пораката на Снежана Коневски-Руси.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 24, во печатеното издание на „Слободен печат“ на 28-29 март 2020)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот