Порака од УЕФА: Нема настап во Евро куповите ако не се завршат националните првенства

твитер

Европската фудбалска унија експресно реагираше по одлуката на Белгијците да го завршат шампионатот и титулата да му припадне на Бриж.

УЕФА денеска ги повика сите земји членки да не ги откажуваат националните првенства и порача дека прави план според кој фудбал би се играл за време на летото и титулата да се освои на теренот, а не на зелената маса.

Според Скај Спортс, УЕФА експресно реагира на одлуката на Белгијците од вчера да го завршат првенството и тиутлата да му ја доделат на Бриж.

EPA-EFE ALESSANDRO DELLA BELLA

„Сигурни сме дека фудбал ќе може да се игра во месеците кои се пред нас, а секаква одлука да се прекинат националните првенства е неопправдана. Нашите работни групи одржаа неколку состаноци и донесоа неколку одлуки во врска со завршувањето на сезоната.

Моментно се прави нов распоред според кој првенствата би се играле во јули и август, а откако тие ќе завршат да се играат останатите натпреввари од ЛШ и ЛЕ. Исто така бараме начин на кој ќе можеме да го одредиме стартот на новата сезона која очекувано ќе започне малку подоцна.

Учесниците во европските купови за следната сезона тоа право ќе го стекнат со резултати на крајот од претходната сезона во домашните натпреварувања и тоа само тогаш кога ќе се одигра во целост. Затоа прераното прекинување на сезоната значи неисполнување на наведените услови за играње во Лигата на шампионите и во Лигата на Европа“, стои во дописот на УЕФА кој ќе биде испратен до сите земји членки.

Доколку националните федерации одлучат дека ризикот за фудбалерите е преголем поради пандемијата на коронавирусот и да го следат примерот на Белгија, да ги прекинат првенствата, шампиони би биле првопласираните екипи:

Англија – Ливерпул
Шпанија – Барселона
Германија – Баерн Минхен
Италија – Јувентус
Франција – ПСЖ
Холандија – Ајакс
Русија – Зенит
Португалија – Порто
Турција – Трабзонспор
Грција – Олимпијакос
Австрија – Ласк Линц
Србија – Црвена звезда
Хрватска – Динамо Загреб
Македонија – Вардар

Сепак, доделувањето на титулите на зелена маса нема да биде веројатно во најсилните лиги бидејќи најголемите екипи бараат првенствата да бидат откажани и да нема шампиони. Јувентус и Баерн Минхен веќе објавија дека нема да ги прифатат титулите добиени на зелена маса, а во Премиер лигата голем дел од екипите бараат првенството да биде поништено.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот