Поради зголемен водостој на реката Брегалница: Делчево со превентивни мерки за заштита од поплави

Поради обилните врнежи од дожд во изминатите денови, зголемен е водостојот на реката Брегалница и нејзините притоки и постои опасност од нивно излевање од мини-коритото. Во таа насока, Општина Делчево испрати известување до граѓаните да избегнуваат движење покрај реките, потоците и каналите со вода, но и да преземат соодветни мерки за заштита на нивниот имот од евентуални поплави.

– Претставниците на месните и на урбаните заедници, постојано да ја следат состојбата и да ги информираат надлежните служби, а доколку има потреба од интервенција со машини и луѓе, да пријават на дежурните телефони објавени на општинската веб-страница, информираа од Општината.

Во меѓувреме, екипи од Општина Делчево вршат увид на критичните точки во урбаниот дел и руралниот дел од градот, при што е констатирано дека во урбаниот дел засега нема излевање на реката Брегалница.

– Согласно со Оперативниот план за заштита од поплави на подрачјето на Општина Делчево, анимирани се екипите на ТППЕ Делчево, како и ЈКП „Брегалница”, а се преземаат и потребни мерки за заштита од евентуално излевање на реките од нивното корито. Критични точки во урбана средина се градскиот базен, крајот на улицата „8 Септември”, гумената брана и мостот на улица „Индустриска”, додадоа од Општината.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот