Уапсена потпретседателка на Европскиот парламент Каили, осомничена за корупција и перење пари

Фото: Pablo Garrigas / European Union / Wikimedia

Потпретседателката на Европскиот парламент, Ева Каили од Грција и поранешниот европратеник, како и Италијанецот Пјер-Антонио Панцери, се приведени по истрагата за корупција во Белгија.

Европскиот парламент е во фокусот на опсежната истрага во Белгија за „корупција и перење пари“. Во рамки на истрагата уапсена е потпретседателката на Европскиот парламент, Ева Каили. Грчката политичарка веќе беше исклучена од нејзината партија ПАСОК во четвртокот вечер.

Пратеничкиот клуб на социјалдемократите во Европскиот парламент, исто така, донесе одлука за нејзино исклучување. Според сознанијата на весниците „Ле Соир“ и „Кнак“ осомничените примиле значителни суми пари и подароци како поткуп.

Каили, една од потпретседателките на парламентот, која е сега уапсена, на 21 ноември во Европскиот парламент одржа говор за актуелното Светско првенство во Катар. Овој спортски настан го опиша како доказ дека „спортската дипломатија може да донесе историска промена во земјата чии реформи го инспирираа арапскиот свет“.

Од службата за соработка со медиумите во Европскиот парламент не сакаа да ја коментираат рацијата поради истрагата која е во тек. Одговорија само дека оваа служба во целост соработува со белгиската полиција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот