Поради ширењето на мутираниот коронавирус каталонската Влада ги одложи изборите

Парламентарните избори во Каталонија, во североисточна Шпанија, се поместени од 14 февруари на 30 мај, поради ширењето на новиотмутиран вид на коронавирус во последните денови, соопшти денеска каталонската Влада.

Одлуката за одложување на изборите беше донесена по состанок меѓу владата и сите партии кои се согласија за потребата од одложување на датумот.

Во изминатите две недели, бројот на заразени со вирусот во Каталонија достигна 532 на 100.000 жители, што означува „екстремен ризик”, а истовремено на интензивна нега, пациентите со вирусот зафатија 42 отсто од капацитетот, па владата ги продолжи ограничувачките мерки.

СЗО со загрижувачка прогноза: Оваа година пандемијата може да биде потешка од претходната

Изборите во Каталонија, индустриски и туристички развиена автономна покраина, се одржуваат бидејќи Врховниот суд во Мадрид во септември му забрани на премиерот Ким Тора да извршува јавни функции за една и пол година.

Извор.МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот