Поради посетата на Дуда во Скопје ќе има посебен режим на сообраќајот

Полскиот претседател Анджеј Дуда
Претседателот на Полска, Анджеј Дуда/ Фото Архива на Слободен Печат

Министерството за внатрешни работи соопшти дека поради официјалната посета на полскиот претседател Анджеј Дуда денеска и утре ќе биде воведен посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на Скопје.

„Апелираме до сите граѓани-учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите  кои  ќе ги даваат униформираните полициски службеници и да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, како и сообраќајната регулатива за променетиот режим на сообраќај“, наведоа од МВР. 

Според најавата, Дуда в петок ќе биде пречекан со највисоки државнички почести од претседателот Пендаровски во Вилата Водно, каде ќе одржат тет-а-тет средба, по што ќе следат пленарни разговори на делегациите на двете земји. Двајцата претседатели по средбите ќе одржат заедничка прес-конференција.

Во рамки на посетата шефот на полската држава ќе положи венец на гробот на националниот херој Гоце Делчев во црквата „Св. Спас”.

Претседателот на Полска Дуда утре доаѓа во Скопје

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот