Претседателот на Полска Дуда утре доаѓа во Скопје

Полскиот претседател Анджеј Дуда
Претседателот на Полска, Анджеј Дуда/ Фото Архива на Слободен Печат

Полскиот претседателот Анджеј Дуда утре ќе допатува во дводневна официјална посета на земјава, во чии рамки в петок ќе има средба со неговиот домаќин, шефот на државата Стево Пендаровски, а предвидено е да се сретне и со претседателот на Собранието, Талат Џафери и со премиерот Зоран Заев.

Како што соопшти Кабинетот на полскиот претседател, посетата на земјава, Дуда ќе ја почне утре вечер со церемонија на доделување Медал на претседателот на Република Полска на Здружението на полската заедница во Северна Македонија „Полонија”.

Според најавата, Дуда в петок ќе биде пречекан со највисоки државнички почести од претседателот Пендаровски во Вилата Водно, каде ќе одржат тет-а-тет средба, по што ќе следат пленарни разговори на делегациите на двете земји. Двајцата претседатели по средбите ќе одржат заедничка прес-конференција.

Дуда и Пендаровски истиот ден ќе се обратат и на отворањето на Полско-македонскиот економски форум, што ќе се одржи во хотелот Мериот во Скопје.

Во рамки на посетата шефот на полската држава ќе положи венец на гробот на националниот херој Гоце Делчев во црквата „Св. Спас”.

Полскиот претседател денеска престојуваше во Црна Гора, каде во рамки на еднодневната официјална посета одржа средби со црногорскиот државен врв.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот