Излевање на Пчиња / Фото: РЦУК Куманово

Поради обилните врнежи зголемени водостоите во Охрид и Кичево, одрони во Битолско и Ресенско

Екипите на регионалните центри за управување со кризи во текот на изминатото деноноќие поради обилните врнежи интервенираа на повеќе критични локации низ државата.

Како што информира Центарот за управување со кризи (ЦУК), на подрачјето на Битола се ангажирани екипи и механизација на јавните претпријатија и водостопанските компании за расчистување наноси и зајакнување насипи на повеќе делови од речните корита.

Поради ерозијата на патот кон Пелистер и кај село Цапари, предложено е привремено затворање на стариот пат Р-106 и пренасочување на сообраќајот по патот А-3.

– Во Охрид и Кичево водостоите се зголемени, но нема излевања. Најризичен е делот кај улица „Прилепска“ во Кичево, каде е побарана општинска интервенција. Во Охрид се интервенира по пријавено поплавување на подруми во населбата Железничка, предизвикано од диво ископани канали – сопшти ЦУК.

Во Куманово, реката Пчиња накратко излезе од коритото кај Пелинце – Стрновац, без нанесена штета. Мостовите во Коинце и Пелинце се расчистуваат од насобрани дрва и отпад, без констатирана опасност по нивната стабилност.

Од ЦУК потсетуваат дека на регионалниот пат Македонски Брод – Скопје преку НП „Јасен“ беше регистриран голем одрон поради кој сообраќајот беше во прекин. Патот е расчистен по една лента, а во тек се активности за целосно обезбедување на трасата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот