Поради неплатен долг, исклучени телефоните и интернетот во СЈО

Фото: Слободен печат/Д. Митрески

Поради неплатен долг,  телекомуникциски оператор им ги исклучил службените телефони на обвинителите, стручните соработници, и другите вработени во специјалното јавно обвинителство.

Ова се случило бидејќи се натрупале долгови за три месеци, информираат вранотените. Тие се достапни само во еден правец како предупредување пред целосно да им бидат исклучени телефонските линии.

Освен за телефоните, вработените стравуваат дека натрупаните сметки за струја, вода и парно за септември, октомври и ноември, можат да ја остават институцијата без основни услови за работа.

Стотина вработени меѓу кои стручни соработници, помошен персонал не зеле плата за септември и октомври, а од месецов го губат и правото на здравствено осигурување

Во зградата на СЈО се уште се чуваат бомбите и предметите кои ги отвори ова обвинителство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот