Поради МЕСОЈАДНАТА БАКТЕРИЈА, остана без огромен дел од кожата

фото: GoFundMe

На Дејвид Ајрланд (50) од Орландо, Флорида, од страна на хирурзите му беше отстранета 25 проценти од неговата кожа, откако го нападна бактерија што јаде месо.

Бидејќи не бил добро, тој отишол во ургентен центар, каде што лекарите веднаш ја препознале неговата состојба.

Тој три пати беше опериран за потоа да биде ставен во вештачка кома, а сега откажаа и неговите бубрези и ќе му биде потребна најмалку уште една операција за привремено да се премести дебелото црево од абдоминалниот дел и да направи отвор преку кој се излачува измет (колостомија). Со ова ќе се спречува инфицирањето на неговите отворени рани.

Дејвид и натаму сè уште е во сериозна состојба, но семејството се надева дека ќе преживее.

– Давид сè уште е во животна опасност, но секој ден носиме мали победи – напиша Џоди на неговата објава на страницата „GoFundMe“, што ја отвори братот на Дајвид, Даниел во корист на Дејвид и неговото семејство.

– Ми недостасува мојот најдобар пријател и секој ден му се молам на Бога да го зачува неговиот живот и да го донесе дома кај мене и моето семејство, вели неговиот брат.

Некрозата на сврзните мембрани може да биде предизвикана од многу бактерии, најчесто стрептококи, кои обично живеат во топли крајбрежни води, како што се оние околу Флорида, и генерално живеат мирно со луѓето и другите животни.

Меѓутоа, со зголемувањето на температурите, се проширува подрачјето што е погодно за размножување на овие бактерии и колку повеќе тие ги има, толку е полесно да се совлада имунолошкиот систем, особено кај лица кои веќе имаат слаб имунитет, деца или многу стари луѓе.

Бактериите почнуваат да го уништуваат ткивото кога влегуваат во крвотокот преку отворени рани или исекотини.

За време на колостомијата, хирурзите ќе проверат какви било остатоци од инфекцијата, а доколку се испостави дека ќе треба, тие повторно ќе отстрануваат делови од кожата на Дејвид.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот