Поради коронавирусот откажано и доделувањето на Тони наградите

Коронавирусот го откажа и доделување на театарските Тони награди, чија церемонија за доделување е одложена на неопределено време.

Официјалната церемонија требаше да се одржи во Њујорк на 7-ми јуни, со пренос во живо на Си Би-Ес.

Од друга страна, поради пандемијата, две недели порано се затворија сите театри на Бродвеј.

„Здравјето и безбедноста на бродвејската заедница, уметниците и обожавателите нам ни се најважни”, се истакнува во соопштението на организаторите.

Наградите Тони, кои се доделуваат за драма, мјузикл, режисери и актери се сметаат за највисоко признание во американската театарска сцена.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот