Поради корона кризата Викторија Бекам отпушти 25 работници

инстаграм

Викторија Бекам отпушти 25 работници поради тешката ситуација предизвикана од пандемијата на коронавирусот. Водителот Пирс Морган реагираше бурно на оваа одлука на дизајнерката Бекам.

Водителот ја замоли Викторија повторно да размисли за одлуката, како и да ја разгледа владината програма за спасување со оглед на тоа дека нејзиното семејство вреди речиси 335 милиони фунти.

Како што тврдат странските медиуми, кризата удри на сите полиња, па така ниту дизајнерката не ја зема својата плата, но истакнаа и дека загубила уште еден висок радоковител откако нејзиниот главен извршен директор за маркетинг дал отказ. Пирс покрена остар напад на неа.

– Извини но од ова ми се гади. Доколку толку ти значи, зошто тогаш, не земеш пари од даночните обврзници кои толку очајнички ти требаат? А тоа што повеќе не ти треба, да го вложиш во својот персонал и да им помогнеш во својот неуспешен бизнис, изјави водителот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот