Поради долгови, главниот град на Гвинеја-Бисао остана без струја

Гвинеја-Бисао/ Фото EPA/MANUEL DE ALMEIDA

Бисао, главниот град на африканската држава Гвинеја-Бисао е во мрак откако турската компанија Карпауершип го прекина снабдувањето со електрична енергија поради неплатен долг од 17 милиони долари.

Министерот за економија Сулејмане Сеиди рече дека проблемот ќе се реши во рок од 15 дена.

Карпауершип, еден од најголемите светски оператори на пловечки електрани и дел од Групацијата Карадениз енерџи, обезбедува 100 проценти од потребите за електрична енергија на Гвинеја-Бисао од потпишувањето на договорот во 2019 година.

Карпауершип во септември го прекина снабдувањето со електрична енергија во главниот град на Сиера Леоне, Фритаун, поради неплатен долг од околу 40 милиони долари.

„Карпауершип“ располага со осум бродови што можат да произведат до два гигавати електрична енергија и со тоа да снабдуваат околу пет милиони домаќинства. Најголемиот брод има капацитет од 500 мегавати.

Компанијата снабдува со електрична енергија околу 30 милиони жители во осум африкански земји.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот