Поповски: Температурите ќе се спуштат до -12 степени

веменска прогноза, метео, зима
Зима / Фото: МИА

Доста студени утра ќе имаме и во следните неколку денови, минималните температури и понатаму на некои места ќе се спуштаат до околу -10 степени.

До крајот на денов во државава ќе имаме променливо облачно време, локално сè уште ќе има послаби врнежи од снег, особено во текот на претпладнево, прогнозира метеорологот Славчо Поповски во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“.

Ќе дува умерен до засилен, на некои места повремено СИЛЕН ВЕТЕР (над 80 км/час) и тоа од северен правец. Максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од -4 до 6 степени.

Потоа од утре ќе има повеќе сончеви периоди, сепак уште во текот на утрешниот ден на крајниот североисток ќе има услови за слабо и локално провејување на снег. Ќе дува умерен, особено Долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.

Минималните температури на воздухот ќе се спуштаат во интервалот од -12 до -3 степени, особено во текот на утрешното утро. Доста студени утра ќе имаме и во следните неколку денови, минималните температури и понатаму на некои места ќе се спуштаат до околу -10 степени.

Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од -1 до 7 степени. Во крајните југоисточни предели истите не се исклучува можноста да се искачат и малку над 10 степени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот