Поповски: Администрацијата не ја следи владината заложба за транспарентност

Се случило многу често администрацијата да не е подготвена да ги презентира фактите и аргументите на начин на којшто ние тоа го очекуваме. И тука дефинитивно многу треба да се поработи, затоа што ако не функционира остатокот од системот, вие не можете да говорите дека сме ја постигнале онаа транспарентност којашто им ја ветивме на граѓаните, вели министерот без ресор задолжен за транспарентност и отчетност, Роберт Поповски, во неделното интервју на Радио Слободна Европа.

„Оние кои имаат обврска да патуваат, да пречекуваат делегации, нормално дека имаат поголеми трошоци во вкупната сума. Но погледнете го внимателно наративниот извештај и ќе видите дека никаде нема злоупотреба кај никого. Се штеди максимално, се троши внимателно, она што мора да се направи. Се спие во објекти кои се рангирани просечно или малку натпросечно. Сите се внимателни и токму тоа беше поентата на алатката. Ова е една само контрола од наша страна, не само на првите функционери во државата, туку и на директорите на јавните претпријатија, задолживме многу функционери и дава извонредни резултати“ вели Поповски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот