Попоски: Доаѓа Инес – носи дожд, снег и снежна покривка

EPA-EFE/MARK R. CRISTINO

Поради продор на многу постуден воздух од север во текот на денешната ноќ, врнежите од дожд ќе започнат да поминуваат во снег како на повисоките и планинските места, така и на некои пониски места.

Нашата територија денес доцна попладне и навечер, ќе подпадне под влијание на циклонот ИНЕС. Облачноста ќе зе зголемува а ќе започне да дува и засилен ветер, најпрвин од југозападен правец. Во вечерните часови како и во текот на ноќта, од север и северозапад ќе започнат врнежи од дожд.

Поради продор на многу постуден воздух од север во текот на денешната ноќ, врнежите од дожд ќе започнат да поминуваат во снег како на повисоките и планинските места, така и на некои пониски места со што ќе дојде до формирање на нова снежна покривка. Сето ова ќе биде проследено со засилен до СИЛЕН ветер од северен и од северозападен правец (на некои места со брзина од над 90 км/час). Врнежите претежно од снег ќе продолжат и утре на повеќе места, во југоисточните предели ќе има услови за врнежи од дожд и од снег.

Температурите на воздухот ќе бележат тенденција на големо опаѓање и од утре ќе се искачуваат во интервалот од -3 до 6, 7 степени во најтоплите предели од државава. Минималните температури пак понекаде ќе се спуштаат и под -10 степени во следниот период.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот