Поплавите во Танзанија убија 58 луѓе

Танзанија поплави / Фото EPA-EFE/ANTHONY SIAME

Во поплавите во Танзанија загинаа 58 луѓе во последните две недели, соопшти владата, додека обилните дождови продолжуваат во оваа источноафриканска земја.

Според владата, најтешко е погоден крајбрежниот регион, со 126.831 погодени луѓе, пренесува АП.

Портпаролот на владата Мобаре Матињи во неделата рече дека на погодените им биле дистрибуирани основни материјали, вклучително и храна.

Танзанија планира да изгради 14 брани за да спречи поплави во иднина, додаде тој.

Во Источна Африка има обилни врнежи од дожд, а во пријавените поплави во соседна Кенија досега загинаа најмалку 13 луѓе.

Оштетена е и инфраструктурата, а оние кои живеат во подрачјата подложни на поплави се повикуваат да се евакуираат.

Врнежите се очекува да го достигнат својот врв кон крајот на овој месец.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот