Попкаст со Мартин Богатиноски ЕП01 | Митрополит Јован: Мајка ми „шверцуваше“ причест во затворот, во една ќелија бевме 40 затвореници
Преживеа прогон, затвор, неправда… и сепак остана човек со достоинство. Првиот гостин во поткастот на Слободен печат – „Попкаст со Мартин Богатиноски“ е митрополитот крушевско-демирхисарски г. Јован.
Препорачано
Зборувавме за подвизите и за падовите, за времето поминато в затвор, за помирувањето меѓу МПЦ-ОА и СПЦ, за простувањето, за верата, за слабостите, за силата на човекот. Зборувавме и за тоа како се наоѓа светлина кога си сам против сите.
– Ова не сум го кажал никому досега јавно, но сега по толку години ќе го кажам. Во затворот не ми дозволуваа да носам мантија и расо, а не ми дозволуваа ни да се причестувам. Затоа, мајка ми, секоја недела по литургија доаѓаше кај мене на посета и буквално шверцуваше сува причест, онаа што се дава на болни луѓе. Само на тој начин можев да се причестам – раскажува г. Јован.
Тој се потсетува дека при последното негово влегување во затворот, сместен бил во просторија заедно со 40 затвореници.
– Замислете, во една соба бевме сместени 40 затвореници, а дури 39 од нив имаа свој телевизор и секој гледаше своја програма. Можете да замислите каков хаос беше тоа кога сите ќе ги вклучеа телевизорите? Но таа соба беше еден вид привилигирана, бидејќи на затворениците им беше дозволено да си внесат телевизор – истакна митрополитот.
Во продолжение, изгледајте ја целата емисија:


