Помпео во посета на Словенија, потпишува изјава за 5G мрежата
Помпео вчера беше во Чешка, прва станица на европска турнеја со голема агенда, вклучително и улогата на Кина во градењето на 5G мрежа, а по Словенија ќе ги посети Австрија и Полска.
Американскиот државен секретар Мајк Помпео ќе престојува денеска во кратка посета на Словенија, за време на која ќе биде потпишана заедничка изјава за безбедносните прашања поврзани со мрежата 5G.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Помпео вчера беше во Чешка, прва станица на европска турнеја со голема агенда, вклучително и улогата на Кина во градењето на 5G мрежа, а по Словенија ќе ги посети Австрија и Полска.
Помпео пристигна во Европа откако американскиот претседател Доналд Трамп најави намалување на вoеното присуство на САД во Германија на крајот на минатиот месец.
Според словенечката агенција СТА, текстот на нацрт-декларацијата предвидува безбедносна проверка на корпорациите што нудат 5G технологија, транспарентност на нивна сопственичка структура, без оглед дали тие ги почитуваат правата на интелектуална сопственост и законите поврзани со транспарентноста на корпоративното управување.
САД веќе потпишаа слични заеднички изјави со Полска, Романија, Естонија и Летонија, а нивната цел е, меѓу другото, да ја потенцираат важноста на безбедни дигитални мрежи на ниво на Европската унија и НАТО.
Иако името не е директно наведено во нацрт-документот, според СТА, целта на изјавата е веројатно намерата да се наметнат ограничувања на кинескиот технолошки гигант „Хуавеи”, со оглед дека претседателот Трамп се обидува да ги одврати сојузниците од правење бизнис со Кина и Хуавеи, поради наводниот безбедносен ризик и потенцијалот за шпионажа за сметка на кинеските власти.
Според најавите од словенечката Влада, разговорите ќе бидат посветени на зајакнување на билатералниот дијалог на политичко и економско поле, а САД се заинтересирани и за зајакнување на соработката во областа на енергетиката, особено кога станува збор за изградба на друг блок на нуклеарната централа Кршко.
Пристигнувањето на Помпео во Словенија е прва посета на еден американски функционер со толку висок ранг по многу години.


