Полските граѓани на 10 мај ќе гласаат за нов претседател

Актуелниот полски претседател Анджеј Дуда планира да се кандидира за втор петгодишен мандат.

Претседателските избори во Полска ќе бидат одржани на 10 мај, соопшти денеска претседавачот на полскиот Парламент, Елжбиета Витек.

Доколку во првиот круг ниту еден претседателски кандидат не освои повеќе од 50 отсто од гласовите, две недели подоцна ќе биде одржан вториот круг, во кој ќе учествуваат двајца кандидати со најмногу освоени гласови.

Актуелниот полски претседател Анджеј Дуда планира да се кандидира за втор петгодишен мандат.

Од преземањето на власта во 2015 година, партијата Закон и правда е во судир со ЕУ околу новите закони кои и овозможуваат на владата поголема контрола над правосудниот систем.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот