Полска утре ќе го ратификува Протоколот за членство во НАТО
Полскиот парламент утре наутро ќе го ратификува Протоколот за членство во НАТО на Северна Македонија.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Ова денеска го изјави полскиот амбасадор во земјава Војциех Тицињски, кој учествуваше на дипломатската дискусија со амбасадорите на земјите членки на НАТО на тема „Патот до Брисел”, на која говореа и премиерот Зоран Заев и министерката за одбрана Радмила Шекеринска.
– Ова не е коинциденција, зошто ова се случува токму во овие денови, и сакавме да го поканиме претседателот на Собранието, Талат Џафери да присуствува на овој настан, но за жал тој е во странство во момент, но на гласањето ќе присуствува заменик-преседателот Весел Мемеди, рече Тицињски.
Според него, пристапувањето во НАТО не е лесен, туку комплексен процес, мора да се носат тешки одлуки, и од политички аспект, но најважно е тоа што ќе го добиеме како финален резултат.
– Ние сме 20 години членки на НАТО и навистина вредат сите ваши напори, додаде полскиот амбасадор во земјава.
Дипломатската дискусија, во рамките на НАТО неделата, ја организираат Министерството за одбрана, Евро Атлантскиот совет (АТА) и амбасадата на Република Словенија.


