Фото: EPA-EFE/DJORDJE SAVIC

Полска повторно пресретна руски авион над Балтичко Море

Полските борбени авиони МиГ-29 утрово повторно пресретнаа руски извидувачки авион Ил-20 над Балтичкото Море, соопшти Оперативната команда на полските вооружени сили. Иако немало нарушување на полскиот воздушен простор, ова е трет ваков инцидент оваа недела, објави PolskieRadio24.

Полските авиони МиГ-29 полетаа пред 9 часот утрово за да го идентификуваат рускиот авион. Оперативната команда соопшти дека рускиот авион повторно летал без вклучен транспондер и без претходно доставен план за лет.

„Рускиот авион повторно се движеше без поднесен план за лет и со исклучен транспондер, што претставува потенцијална закана за безбедноста во сообраќајот во регионот“, се вели во соопштението.

Полските пилоти, во согласност со процедурите на НАТО, го пресретнаа, идентификуваа и придружуваа странскиот авион. Според полската команда, активноста на руската авијација во балтичкиот регион се зголемува. Како резултат на тоа, полската војска е во целосна готовност и подготвена да реагира.

„Полската армија останува во целосна борбена готовност и ефикасно реагира на сите провокативни дејствија од страна на Руската Федерација, дејствувајќи во тесна соработка со сојузниците од НАТО“, се заклучува во соопштението.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот