Политички препукувања: Слоган „Твоја Македонија“, шовинистички или не?!

Продолжуваат партиските препукувања на една недела до двојните избори. Партиите го користат секој момент да ветат нешто на граѓаните и да упатат критика кон противникот. Последните напади на релација ДУИ-ВМРО-ДПМНЕ се околу слоганот на опозициската партија „Македонија повторно твоја“.

Откако портпаролот на ДУИ и доскорешен кандидат за претседател кој испадна од трката го обвини Христијан Мицкоски за шовинизам, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ денеска ја објаснува кампањата: „Слоганот не е шовинистички туку означува дека ќе ја вратиме Македонија на народот кој вие од власта го крадете“.

„Бујар Османи ќе обвини дека слоганот „Македонија повторно твоја“ бил шовинистички слоган. Тоа може само да го каже неук човек кој е вистинси шовинист и кој Македонија не ја чуствува за своја татковина, затоа што јас кога ќе кажам Македонија мислам на сите граѓани кои живеат во нејзе. На Македонците, но и на Албанците, Турците, Ромите, Србите, Власите, Бошњацитеи сите останати. Кога Бујар Османи ќе каже Македонија тој не ја чуствува за своја татковина, иако бил министер во сите можни влади на Македонија. Иако црпи пари и плати од државата која не ја признава за своја татковина. Е тоа е шовинизам на дело. Да ги признаваш парите што ги земаш, но и државата која те плаќа. И лицемиерието е поголемо што токму Бујар е министер за надворешни работи и од него се очекува да ги брани интересите на Македонија пред светот. Македонија е и твоја држава, сакал или несакал да признаеш. Мојата борба е Македонија да ја вратиме на народот, истиот тој кој безимислосно го крадете и осиромашувате“, нагласи Мицкоски.

Вчера Бујар Османи рече дека немало ништо посрамно и пошовинистички да се повика на „враќање на државата“, бидејќи наводно Мицкоски алудирал дека државата била на Албанците и сега ќе се враќа на Македонците.

„Mицкоски успеа да го врати кај Албанците сеќавањето на стогодишното ропсто и на понижувањата во некогашна Југославија. Тој успеа да активира нерв за кој мислевме дека е трајно сокриен. Успеа да го врати времето од Југославија, кога беше одлучено дека Рахман Морина ќе ги претставува Албанците. Но, овој обид за омаловажување на секој Албанец и на етничките заедници со слична судбина, ги мобилизира луѓето, а ги мобилизира и оние кои во првиот изборен круг не излегоа да гласаат. А околу слоганот „Македонија повторно твоја“, нема ништо посрамно и пошовинистички да повикате на враќање на државата, алудирајќи дека имате министер за надворешни работи Албанец и дека државата е на Албанците., рече Османи.

Претходно Мицкоски прво повика на национално обединување и повика да престанат сите напади кон Левица и ЗНАМ. За на денот на изборите, 24 април, да каже дека е потребно седржавно обединување и да ја врателе државата на сите граѓани, без разлика на етничката припадност.

„Mакедонци, Албанци, Турци, Роми, Срби, Власи, Бошњаци. Ова е ваша земја, заедничка земја време е да си ја вратите во ваши раце и да испишеме заедно една нова историја со која сите заедно ќе се гордееме“ – рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на 24 04.2024.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот