Мадагаскар протести - Извор ЕПА

Политичка криза на Мадагаскар: Водачот на бунтот се самопрогласи за претседател

Водачот на воениот бунт на Мадагаскар, Мајкл Рандрианирина, денеска изјави дека „ја презема функцијата претседател“ на земјата и дека вооружените сили ќе бидат задолжени за островот во Индискиот Океан, додека да се одржат нови избори.

Рандрианирина, кој го предводеше востанието на војниците со кое беше соборен претседателот Андри Раџоелина, за АП изјави дека очекува да положи заклетва како нов лидер на земјата во следните неколку дена.

„Мора да се положи заклетва. Остануваме тука најмалку 18 месеци, најмногу две години“, рече Рандрианирина.

Тој вчера објави дека вооружените сили ја преземаат власта во Мадагаскар , со што се стави крај на неколкунеделните протести против владата на Рахоела, организирани главно од младински групи кои се нарекуваат себеси „Генерација З на Мадагаскар“.

Демонстрантите на протестите бараа подобра влада и повеќе можности во земјата која има длабоки проблеми со сиромаштијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот