Полициски час во Мека и Медина

Саудиска Арабија има најмногу заразени и починати од Ковид-19 од сите членови на Советот за соработка во Заливот. 

Саудиска Арабија денеска воведе 24-часовен полициски час во светите градови Мека и Медина, откако 1.700 луѓе беа заразени со новиот коронавирус, а 16 починаа.

Министерството за внатрешни работи соопшти дека исклучок од неработење се основните услуги, продавниците за храна и медицинските установи.

Државата, со 30 милиони жители, презеде драстични мерки за борба против болеста, ги прекина сите меѓународни летови, ги затвори повеќето јавни места и забранети аџилак.

Властите денеска ги повикаа муслиманите ширум светот да го одложат пристигнувањето на годишниот Аџилак за некои подобри периоди.

Саудиска Арабија има најмногу заразени и починати од Ковид-19 од сите членови на Советот за соработка во Заливот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот