Полициска акција пред објектот на Агенцијата за разузнавање на Косово по дојава за бомба

Косовската полиција утрово потврди пред добиле пријава за сомнително лице со автомобил за кој постоело сомнение дека има бомба се наоѓа пред објектот на Агенцијата за разузнавање на Косово кој се наоѓа на излезот на Приштина во правец на Косово Поље.

„Денес, 09 октомври 2020 година, околу 06:15 часот, косовската полиција доби информација дека на патот Приштина во правец на Косово Поље има сомнително лице со автомобил.

Единиците за деминирање пристигнаа во близина на Агенцијата за да го пребараат теренот бидејќи постои сомневање за експлозивна направа.

Во моментов, косовската полиција заедно со кучиња го проверуваат периметарот. а едно лице е уапсено.

„Надлежните полициски единици излегоа на лице место и извршуваат понатамошни полициски проверки. Патот во правец на Косово Поље е блокиран, сè додека не заврши завршувањето на увидот на местото на настанот“, рече портпаролот на полицијата, Баки Кељани.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот