Полицијата во Малта уапси уште двајца за убиство на новинарката Дафне Каруана Галиција

EPA-EFE/DOMENIC AQUILINA

Полицијата во Малта уапси уште две лица за убиството на новинарка Дафне Каруана Галиција во 2017 година, пренесе агенцијата Ројтерс

Тие доцна синоѓа беа изнесени пред судот под силно полициско обезбедување, а кратко пред да бидат донесени пред судот комесраот на малтешката полиција Анџело Гафа изјави дека според доказите уапсени се сите клои се поврзани со нејзиното убиство

Според весникот Гардијан  комесарот Гафа, пред рочиштето на обвинетите Роберт Агиус и Џејми Вела во судот на Малта, изјави дека тие набавиле бомба од чија експлозија загина новинарката  Каруана Галиција.

Британскиот весник наведува дека досега седум мажи или признале или биле обвинети за соучество во убиството на Каруана Галиција, меѓу нив и мултимилионерот и бизнисмен Јорген Фенеш, кој во притвор ја чека одлуката и се изјасни дека не е виновен за поттикнување убиство.

Новинарката беше убиена во експлозија на бомба поставена под нејзиниот автомобил. Таа имаше свој блог на кој објавуваше извештаи за корупција, а пишуваше и за поврзаноста на владата со припадници на малтешкото подземје.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот