Полицијата во Индија уапси седум лица за обид за продажба на ураниум

Ураниум: Фото: ЕПА

Во индиската држава Џаркханд полицијата уапси седум лица кои се обиделе да продадат шест килограми, јави Индија ТВ.

Во индиската држава Џаркханд полицијата уапси седум лица кои се обиделе да продадат шест килограми, јави Индија ТВ.

Лоцирана во источна Индија, Џаркханд е една од државите со рудници за ураниум.

„Запленивме жолта материја и ќе ја испратиме на испитување. Сè уште не е јасно како радиоактивниот метал дошол во нивни раце. За време на полициско испрашување, тие рекоа дека го зеле од некого во Западен Бенгал, друг пат тврдеа дека го добиле од градот Гиридих (во Џаркханд) или од друго место”, изјави полицискиот надзорник Чандан Кумар Џа.

Полицијата ја спроведе операцијата откако доби информација за нелегална продажба на ураниум. Според прелиминарните податоци, криминалците планирале да го продадат за по пет милиони рупии за килограм (околу 68,5 илјади долари).

Полицијата прецизира дека во тек е истрага за апсење на купувачите, како и целта на набавката. Амбалажата со ураниум носи печат „Произведено во САД” и експертите сега мора да утврдат дали печатот е оригинален или криминалците сами го направиле.

Ова е трет случај во Индија во последните неколку години во кој полицијата заплени ураниум од приватни лица, а втор во последните два месеци. Во мај, полицијата во државата Махараштра приведе двајца мажи кои се обидоа да продадат повеќе од седум килограми ураниум преку Интернет.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот