Полицајците кои фрлаа камења добија опомени, демонстрантите за „Монструм“ завршија во затвор

Скопје, 26 февруари 2021 / Фото: Драган Митрески - СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.

Полицајците кои фрлаа камења кон демонстрантите кои учествуваа на протестот против пресудите за „Монструм“ поминаа само со опомени. Имаше истрага за нивното непрофесионално однесување во овој случај, но сепак поминаа без никакви санкции, објавува ТВ 21.

„На полицајците кои на видеата се гледа дека фрлале со камења кон демонстрантите им е изречена мерка предупредување.“, велат од МВР.

Ниту обвинителството не отворило предмет против полицајците кои фрлале камења. Од таму велат дека однесувањето на полицијата го оценува МВР.

„Професионалното однесување на припадниците на МВР го оценува Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи.“, велат од Јавното обвинителство.

Пред само неколку дена тројца демонстранти добија по 1 година затвор поради тоа што обвинителството поднесе обвинение против нив за насилство врз полицијата. Во Затвор завршија Шабан Весели, Бехар Далипи и Бесарт Калиси. Тие фрлеа камења кон полицискиот кордон откако ги спречија да маршираат до Владата.

Протестот за „Монструм“ се одржа на 26 февруари, по пресудата со која тројца обвинети се осудени на доживотен затвор, еден со 15 години и еден со 10 години затвор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот