Полицијата во Софија постави уште една блокада околу споменикот на советската армија

Полицијата го обезбедува местото кај споменикот во Софија/Фото: Слободен печат

Софиската полиција ноќеска постави уште една блокада околу споменикот на советската армија со што сега таму има три во обид да се спречи и денеска да има немири поради неговото демонтирање.

Во реонот околу споменикот што се демонтира има засилено полициско присуство и тој се обезбедува 24 часа, јавија софиските медиуми.

Тензиите почнаа вчера при обидот за демонтирање на споменикот на советската армија во Софија откако во раните утрински часови стапи во акција намерата на подрачната управа искажана пред месеци, а пред споменикот се појави кран.

Се собраа бранителите на споменикот, меѓу нив и пратеници од БСП и „Преродба“ кои се противат на тој потег. Кога заменик-претседателот на БСП, Георги Свиленски се обидел да ги пробие оградите, му била повредена раката.

Споменикот стар 70 години најверојатно ќе биде отстранет на делови од центарот на Софија. Се уште не е јасно каде точно ќе биде преместен.

ВИДЕО: Протести и тепачки во Софија во одбрана на Споменикот на советската армија којшто од центарот се сели во музеј

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот